ШТРАЈК НА ГРАДЕЖНИЦИТЕ ВО “ПЕЛАГОНИЈА“

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

19.05.2010

Вработените на погонот “Висока градба“ на градежното претпријатие “Пелагонија“ протестираа пред управната зграда. Тие бараат исплата на заостанатите плати...

Вработените на “Пелагонија Високоградба“ ДООЕЛ вчера одржаа протест пред дирекцијата на градежното претпријатие ДВ “Пелагонија“. Тие бараат исплата на заостанатите плати и придонеси.

Благоја Трчковски, претседател на Синдикалната организација и на Штрајкувачкиот одбор, вели дека не им се исплатени четири плати, а последната што ја добиле е за месец декември. Тој исто така додава дека доколку се постигне спогодба со менаџерите штрајкот ќе биде ставен во мирување.

Тричковски информира дека после завршувањето на штрајкот, околу 12.30 часот, вработените се префрлија пред седиштето на компанијата “Пановски“ на Златко Пановски, кој е доминантен сопственик на “Пелагонија“.

При разговорите во управната зграда со претседателот на Управниот одбор Ѓоко Тодоровски е заклучено да се направи програма за иднината на “Високоградба“. Досега неколку пати сме разговарале на истава тема и еднаш треба да се реши што ќе биде со стоте вработени во “Високоградба“, вели Трчковски. Релациите се недефинирани, сета заработувачка оди во “Инженеринг“, нема доволно работа и треба да се види што да се прави понатаму.

Досега се одржани неколку средби со менаџерскиот тим, кој понудил две варијанти за решавање на проблемот – превземање на вработените во другите друштва на претпријатието или покривање на долговите.

Во сите преговори учествува Синдикалната организација на погонот “Високоградба“ и претставници на Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање (СГИП).

На 29 април беа водени разговори меѓу Штрајкувачкиот одбор на Синдикалната организација на “Пелагонија Високоградба“ со доминантниот сопственик Златко Пановски и со претседателот на Управниот одбор Ѓоко Тодоровски. Утредента е постигната спогодба со која управителите на “Високоградба“ и на “Пелагонија се обврзуваат вработените на “Високоградба“ да се префрлат во ДО “Пелагонија инженеринг“. Понатаму, да се изготви програма за откажување на договори за вработување согласно законот, да се утврди динамика на исплата на платите за првите четири месеци 2010 година, да се создадат услови за работа, потоа услови за функционирање на синдикалната организација и друго.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc