ПРВОМАЈСКА СРЕДБА НА СИНДИКАТИТЕ ВО ВЛАДАТА

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта
1.05.2010

Сојузот на синдикатите на Македонија и Конфедерацијата на слободни синдикати денес остварија средба со владиниот кабинет. Остварувањето на ефективен социјален дијалог е заедничка цел и европска перспектива на Македонија...

 

Денешниот Први мај е историски ден, не само за меѓународното синдикално движење, туку и за синдикалното организирање во Република Македонија. На една заедничка маса се оствари средба на синдикатите со голем дел од владиниот кабинет, со заедничка цел развивање на вистински социјален дијалог, што е дел на европската перспектива на Македонија.

Ова го изјави вицепремиерот на Владата на Република Македонија Владимир Пешевски, после средбата на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ)  и Конфедерацијата на слободни синдикати (ССМ) со Владата, од чија страна присуствуваа министрите за Гордана Јанкуловска, Бујар Османи, Никола Тодоров и други владини функционери.

Заедничката цел е олеснета со минатогодишните измени на Законот за работни односи, каде се прецизно одредени условите за репрезентативност на синдикатите. Соработката со синдикатите е значајна и за донесувањето на законите од областа на трудовите односи. Наша желба е македонските синдикати да се зачленат во Светската конфедерација на синдикати и во Европската конфедерација на синдикати, изјави вицепремиерот Владимир Пешевски.

До крајот на месецот очекуваме синдикатите да се организираат и да се екипира Економско – социјалниот совет, тело кое го гледаме како рамка и медиум за одвивање на дијалогот, додаде Пешевски.

На наше задоволство може да изјавиме дека денес го договоривме патот на креирањето на европски социјален дијалог. Задоволни сме и што синдикалните организации седнаа на иста маса и што ќе градиме атмосфера за подобрување на економската положба на граѓаните на земјата и за излез од кризата. Посебно е позитивно што се договоривме да профункционира Економско – социјалниот совет, каде треба да се разгледуваат сите промени во однос на трудовите права, рече претседателот на ССМ Живко Митревски.

Претседателот на КСС Растко Мишковски од своја страна додаде дека оваа средба многу ќе придонесе за остварување на социјалниот дијалог. Како синдикати ќе продолжиме да ги реализираме сите потребни мерки за остварување на европските стандарди во синдикалното организирање и во социјалниот дијалог.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc