28 АПРИЛ – СВЕТСКИ ДЕН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

28.04.2010

Денес е Светскиот ден за безбедност и здравје при работа. Сојузот на синдикатите на Македонија, како активен фактор на сите активности на ова поле, издава посебно соопштение за јавноста...

 

Сојузот на синдикатите на Македонија, по повод Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, издава соопштение за јавноста, кое го пренесуваме во целост.

СООПШТЕНИЕ
до средствата за јавно информирање

Сојузот на синдикатите на Македонија се приклучува во одбележувањето на 28 април, Светскиот ден за безбедност и здравје при работа и укажува на потребата од соодветно третирање на ова прашање од сите релевантни субјекти во државата.

Безбедноста и здравјето при работа е едно од основните човекови права и права од работен однос, кое е од исклучително значење и за работниците и за работодавачите и за целокупната општествена заедница. Затоа ССМ укажува на потребата од доследно почитување на Законот за безбедност и здравје при работа и апелира работниците да инсистираат на остварување на ова право, да бараат од работодавачите да ги информираат за сите можни последици по нивното здравје од несоодветните услови за работа, за ризиците на работното место, да бараат да се следи нивното здравје преку периодични и редовни медицински прегледи, да преговараат преку својот претставник за безбедност и здравје при работа, да соработуваат со трудовата инспекција итн.

Во рамките на одбележувањето на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, во функција на развој и унапредување на политиките за поголема продуктивност на трудот, Сојузот на синдикатите на Македонија се приклучува во реализацијата на Проектот “Мрежа за здравје и заштита при работа“, заедно со претставници на организациите на синдикатите, работодавачите, државните институции, науката, невладиниот сектор, и тоа од Македонија, Црна Гора, Србија и Хрватска. Проектот, чиј носител од ССМ е Синдикатот на финансиските дејности на Македонија, ќе се реализира преку воспоставување на регионална соработка и поактивно работење на превенцијата и ублажување на последиците од несоодветните услови за работа.

На овој начин ССМ, заедно со надлежните државни институции, социјалните партнери, невладиниот сектор и науката ќе придонесат во намалувањето и спречувањето на фаталните последици по работниците на работните места, повредите и професионалните заболувања.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc