ГИФИХ ГИ ОСУДУВА НАПАДИТЕ ВРЗ НОВИНАРИТЕ НА ДНЕВНИК И УТРИНСКИ

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail
There are no translations available.

5.02.2010

Синдикатот ГИФИХ реагира по повод нападите од Златко Јанковски врз новинарите на “Дневник“ и “Утрински весник“ Светлана Јовановска, Бранко Ѓорѓевски и Слободанка Јовановска...


Синдикатот за графичка, информативна, филмска, издавачка дејност и производство на хартија (ГИФИХ) денес испрати информација до средствата за јавно информирање, во која ги осудува нападите од Златко Јанковски врз новинарите на “Дневник“ и “Утрински весник“.

Во продолжение ја пренесуваме информацијата на ГИФИХ:

“Синдикатот на графичка, информативна, филмска, издавачка дејност и производство на хартија на Република Македонија – ГИФИХ, од името на вработените и членовите на овој синдикат најостро ги осудува сите клевети, напади и омрази врз новинарите Светлана Јовановска и Бранко Ѓорѓевски од “Дневник“ и Слободанка Јовановска од “Утрински весник“, од страна на Златко Јанковски.

Во последно време се почеста е појавата да се напаѓаат новинарите од страна на јавните личности. Тоа е еден срамен чин кон новинарите, кои најпрофесионално си ја извршуваат својата задача, за скромна плата од двесте евра, а некои дури и помалку. Се почесто се задира во демократијата, самостојноста и независноста на новинарите, а сега дури ги окарактеризираа и како најголеми непријатели и уништувачи на државата, и тоа токму во време кога компанијата “ВАЦ“ ниже многу награди и признанија. Секој новинар, секој граѓанин на Република Македонија си ја сака својата држава и сите ја браниме и чуваме како очите свои, па затоа и овие новинари не се против оваа држава.

Синдикатот ГИФИХ апелира да не се тормозат, да не им се врши постојан мобинг, да не се напаѓаат, да не го потценуваат новинарскиот труд, да се почитува слободата на информирањето, личниот интегритет на новинарите, што е право загарантирано со Уставот.

Синдикат на ГИФИХ

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc