ССМ ЗА ПРВПАТ УЧЕСТВУВАШЕ НА СЕДНИЦА НА ИЗВРШНИОТ ОДБОР НА ЕТУЦ ВО БРИСЕЛ

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail
There are no translations available.

6.12.2009

На 1 и 2 декември делегација на ССМ за првпат учествуваше на седницата на Извршниот одбор на ЕТУЦ, со која заседаваше генералниот секретар Џон Монкс...

 

Можеме да ја соопштиме радосната вест дека македонските работници имаат можен сојузник во заштитата на нивните права. Имено, ЕТУЦ има директно влијание врз Советот на Европа, во Економско – социјалниот совет и во Советот за социјален дијалог на Европа. На тој начин ССМ ќе може да ги изложи социјалните проблеми во Македонија, односно тие ќе бидат разгледувани во високите европски институции, информира Милан Живковиќ, портпарол на Сојузот на синдикатите на Македонија.

Со други зборови, обезбедено е влијание во советот на Европа за теми од витално значење за работниците, со што ќе се подобрува социјалниот дијалог во државата. Најважно е тоа што сега ССМ ќе биде директно вклучен во процесот на исполнување на условите за влез во Европската Унија (одредниците за социјалниот дијалог), откако ќе се одреди датумот за преговори. Така и ССМ го дава својот придонес во процесот за евроинтеграција на Република Македонија.

Инаку ССМ од 2004 година во ЕТУЦ е членка – набљудувач. Како и самата држава, така и ССМ поради претпристапниот процес мораше да исполни услови кои влијаеа врз статусот во најпрестижната европска организација на синдикати.

На 1 и 2 декември претставници на ССМ за првпат учествуваа како делегати на седницата на Извршниот одбор на ЕТУЦ, со која заседаваше генералниот секретар на ЕТУЦ Џон Монкс.

 

06.12.2009_john_monks
Џон Монкс, генерален секретар на ЕТУЦ

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc