ЌЕ СЕ ПОНУДИ КРАЈНА ВЕРЗИЈА НА ЗАКОНОТ ЗА МОБИНГ

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail
There are no translations available.

20.11.2009

Денес и утре правниците од Сојузот на синдикатите на Македонија и експерти од правосудството ќе ја претстават крајната верзија на посебниот закон за мобинг...

 

Правниците од Сојузот на синдикатите на Македонија, лица од правосудството, судии и лица од правната наука денес и утре во Струга ќе расправаат за крајната верзија на законот за мобинг, што оваа година го подготвува ССМ.

На средбата презентери ќе бидат Милан Живковиќ, портпарол на ССМ, Драге Јованоски, раководител на Секторот за правна заштита и Гордица Бошковска, правен застапник на Регионалниот синдикален совет на ССМ во Куманово, која е и претседател на Македонското мобинг здружение.

За психичкото малтретирање на работното место ќе зборува и магистер Лазар Јовевски од Правниот факултет “Јустинијан Први“, додека споредба на светските закони ќе направи Милан Живковиќ.

Ова е втора, проширена средба посветена на законот за мобинг, на која учествуваат судии и правници коррдинирани од Фондацијата “Фридрих Еберт“. Од 5 до 7 ноември се одржа првата средба, на која расправаа само правниците во ССМ.

На почетокот на 2009 година ССМ најави дека ќе понуди комплетен закон за мобинг, кој ќе го понуди на Собранието на РМ. Во меѓувреме замислата ја искомплицира пратеничката Лилјана Поповска од ДОМ, што заврши со внесување на неколку члена во Законот за работни односи. ССМ смета дека со неклолку членови не е можно законски да се уреди една толку комплексна материја како што е мобингот. Имено, психичкото малтретирање е појава што зема се поголеми размери во светот, како и во Македонија, што го покажува пилот истражувањето што го спроведе ССМ.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc