ПРОШИРУВАЊЕ НА УСЛУГИТЕ НА СОЛИДАРНИОТ ФОНД НА УПОЗ

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail
There are no translations available.

21.10.2009

Членовите на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани во се поголем број ги користат правата од Солидарниот фонд. Се прошируваат и основите по кои се доделува помош...

 

Според податоците на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ) се зголемува бројот на членовите кои ги користат услугите на Солидарниот фонд. Исто така, се прошируваат и основите по кои се добива финансиска помош.

За овие години Солидарниот фонд доживеа целосна афирмација. Голем број членови искористија средства кога им биле најпотребни, што значи за лекување, подолготрајно боледување, загрозена материјална состојба, смрт на член на синдикатот или на член на неговото семејство, елементарни непогоди, штрајк и други случаи, објаснува генералниот секретар на УПОЗ Пецо Грујовски.

Значајно е да се напомене дека средствата кои се доделуваат како парична помош се еднократни и неповратни. Така по сите основи од формирањето на фондот до денес по оваа основа се доделени средства во износ од 250.000 евра.

Треба да се истакне уште една погодност на Фондот. Имено, од 2006 година Синдикатот почна со поделба на бескаматни позајмици на членовите. Заклучно со август 2009 година позајмица користеле 846 членови, во износ од околу 110.000 евра, дополнува Грујовски.

Солидарниот фонд на УПОЗ е формиран во 1997 година. Условите за користење, начинот на функционирање и другите постапки се регулирани во Правилникот на Солидарниот фонд. Членовите одделуваат еден отсто од нивната плата, со тоа што 40 отсто одат директно во Солидарниот фонд. Според Правилникот целосно е транспарентна постапката за евиденцијата за секоја уплатен и исплатен денар, како и за одлуките кому под кои услови ќе му се додели помош.

Посебно одбележје на Фондот е генералниот штрајк во 2.000 година, кога работниците во правосудството штрајкуваа 80 дена. Тогаш членовите ги добија нивните пати од Солидарниот фонд. Со тоа УПОЗ е единствен синдикат во Република Македонија кој исплатил плати на своите членови за времето додека штрајкувале. Штрајкот е инаку влезен во Гинисовата книга на рекордите, како најдолг штрајк на јавните служби во светот.

Во табелата што следува е даден преглед на бројот на корисници и висината на доделените средства од 2005 до 31 август 2009 година.

 

ПРЕДЛОГ НА СОЛИДАРНА ПОМОШ И ПОЗАЈМИЦА
за периодот 2005 - 2009 год.
Ред.
Бр.
ОПИС
2005 2006
2007 2008
до 31.08.2009 ВКУПНО
1. ЗА ИЗКЛУЧИТЕЛНИ СЛУЧАИ
Број на корисници 57 21 24 24 16 142
Денари 130.150 81.000 92.000 87.000 55.000 445.150
2. ЗА СМРТ
Број на корисници 55 54 64 45 32 250
Денари 680.000 760.000 880.000 580.000 430.000 3.330,000
3. ЗА БОЛЕДУВАЊЕ
Број на корисници 78 79 62 83 74 376
Денари 401.792 395.353
389.801 516.480 470.032 2.173,458
4. ЗА ЗАГРОЗЕНА МАТЕРИЈАЛНА СОСТОЈБА
Број на корисници 16 11 4 6 3 40
Денари 88.000 60.500 22.000 29.000 16.500 216.000
5. ЗА ЛЕКУВАЊЕ
Број на корисници 4 2 4 3 3 16
Денари 39.850 10.700 14.070 33.000 55.460 153.080
6. ЗА ЕЛЕМЕНТАРНА НЕПОГОДА
Број на корисници 11 6 3 // 2 22
Денари 193.200 63.956 85.630 // 17.600 360.386
I ПОЗАЈМИЦИ
Број на корисници // 54 93 103 87 337
Денари // 648.000 1.116,000 1.236,000 1.044,000 4.044,000
Вкупно корисници 221 173 161 161 130 846
Вкупно денари 1.532,992 1.371,509 1.483,501 1.245,480 1.044,592 6.678,074

 

МОЖАТ ДА ЧЛЕНУВААТ МЛАДИТЕ, НЕВРАБОТЕНИТЕ И ПЕНЗИОНЕРИТЕ

Претседателството на УПОЗ со одлука од 23 септември 2009 година им даде можност на учениците, студентите и невработените да се зачленат во Синдикатот на УПОЗ. Нивната членарина изнесува 60 денари месечно, сума која сами треба да ја уплатат на сметката на синдикатот.

Целта е членството да се подмладува со лица кои утре ќе се вработат во дејностите кои ги покрива Синдикатот на УПОЗ, а тоа е државната администрација, правосудните органи и здруженијата на граѓани.

Исто така, од април минатата година, со измени на Статутот, дадена е можност досегашните членови кои заминуваат во пензија да останат активни членови во Синдикатот на УПОЗ.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc