Економско социјалните совети во Европа
Во повеќето европски социјалниот дијалог е процес што нема друга алтернатива. По дефиниција опсегот на работа на ЕСС е идентичен со самиот социјален дијалог:
- комуникација меѓу владата, синдикатите и работодавачите,
- редовна размена на мислења со цел наоѓање компромиси,
- трипартитно одлучување,
- политички решенија,
- постигнување социјален мир,
- учество и мислења за законите.
Примарниот принцип на ЕСС е консензус, што е различно од другите начини од одлучување, кои се карактеризираат со надгласување.
Во ЕВРОПСКАТА УНИЈА од 1957 година дејствува Економско – социјалниот комитет. Има 222 члена, кои ги именува Светот на ЕУ, на предлог на владите на државите членки. На национално ниво социјалниот дијалог е уставна категорија и тој се одвива по правило преку економско социјалните совети. Во развиените европски земји овие совети имаат важна улога, додека истото се очекува и од новите членки од источниот дел на континентот, како и од земјите кои настојуваат да влезат во европското друштво. Називите на институциите се разликуваат, има големи разлики и според составот. Во некои земји се вклучени независни стручњаци, во други владата има помала улога или воопшто не партиципира, но суштината е секаде иста.
СРБИЈА: Сојузот на самостојните синдикати на Србија воглавно не е задоволен од функционирањето на Социјални – економскиот совет. Така во еден наврат синдикатот одлучи да не учествуваат на седницата на Социјално – економскиот совет, поради тоа што Владата не покажува интерес за социјалниот дијалог. Српскиот синдикат исто така побара во работата на институцијата и во потпишувањето на општиот колективен договор да присуствуваат премиерот и претседателот на земјата. Приликите се доста слични со Македонија, но и Србија ќе мора да стори нешто повеќе со приближувањето кон Унијата.
ХРВАТСКА: Функцијата социјален дијалог се извршува преку две тела, Стопанско – социјално собрание (Господарствено – социјално вијеќе) и Уред за социјално партнерство. ГСВ е основано во 2001 година, составено е од 18 членови, по шест претставници на синдикатите (од шесте репрезентативни синдикати), од Хрватскиот сојуз на работодавачи и од претставници на Владата.
Владата на Хрватска формира Уред за социјално партнерство како поддршка на ГСВ. Уредот работи за Владата и прави студии за социјалните состојби, како за положбата на жените, правата на невработените приватизацијата, политиката на пазарот на трудот и слично.
БУГАРИЈА: Економско и социјален совет на Бугарија е основан во 2003 година. Пред тоа постоеше Национален совет за трипартитна соработка. Задача на советот е да овозможи социјален дијалог на различните општествени структури. Има 36 членови, поделени на три групи, со по 12 претставници од синдикатите, од работодавачите, додека третата страна не е Владата, туку од здруженијата за земјоделците, потрошувачите, организациите за рамноправност на жените, еколошките организации и други цивилни организации.
РОМАНИЈА: Во 1997 година е основан Економски и социјален совет, чија цел е советничка улога во економската и социјалната политика. Има медијаторска улога при конфликтите меѓу социјалните партнери и го промовира социјалниот дијалог. Советот има 27 членови, од кои девет се претставници на националните синдикални федерации, девет претставници на работодавачите и девет претставници на Владата. По препорака на Европската Унија е формиран Заеднички консултативен комитет на Романија, со цел соработка на Економскиот и социјалниот совет со Европскиот економски совет.
ДАНСКА: Данскиот економски совет е основан во 1962 година. Има 29 членови, претставници на синдикатите, работодавачите, владата, Централната банка и независни експерти. Со Советот претседаваат тројца независни претседатели. Советот се состанува двапати годишно, при што се разгледуваат економските анализи, економската политика на владата и проценки за наредните две до три години. Некои од темите во последните години се јавните трансфери и државата на благосостојба, политиката на конкуренција, образованието, пазарот на трудот, даночниот систем и слично.
ИРСКА: Национален економски и социјален совет е една од организациите заслужни за ирското економско чудо. Советот е основан во 1973 година и има 30 членови: пет од Ирскиот конгрес на синдикатите, пет од земјоделските и фармерските организации, пет од организацијата на работодавачите, пет од општините, невладините организации и доброволните организации. Од Владата има 10 претставници, меѓу кои се секретарите на министерствата за финансии, за претприемништво, трговија и вработување, на јавните претпријатија и семејни прашања и претставници на локалните власти. Задача на Советот е да развива рамки за преговори на социјалните прашања и да го известува премиерот за стратешките прашања околу економијата и социјалната правда.
ИТАЛИЈА: Од 1957 година постои Национален совет за економија и труд. Советот е формиран како консултативно тело на Парламентот и Владата за економски и социјални прашања. Институцијата има право да иницира закони за економијата и трудот и да учествува во нивното подготвување. Улогата е проширена со одржување форум за преговори на социјалните партнери.
Советот е реизбира на пет одини, а го сочинуваат советници, од кои 44 се претставници на синдикатите, 18 се самостојни претприемачи, 37 се претставници на индустријата и на јавните претпријатија, 11 се претставници на социјалните служби и волонтерските организаци и 12 се независни експерти од сферата на економијата, правото и социјалните прашања.
МАЛТА: Советот за економски и социјален развој е основан во 2001 година. Има 14 членови, од кои четири се претставници именувани од националните работнички организации, пет претставници на организациите на работодавачи и пет претставници на владата (министерот на финансии, министерот за семејство и социјална солидарност, министерот за здравје, претставник на Отсекот за економска политика и гувернерот на Централната банка. На чело на Советот е претседател, кој секогаш е експерт од областа на економијата и трудовите односи. Советот има три комисии и Постојан комитет на цивилното општество, во чија работа повремено се вклучуваат други организации, како организации на младите и на потрошувачите.
ПОРТУГАЛИЈА: Економски и социјален совет. Основан е во 1991 година и има задача да дава мислења и предлози за економската и социјалната политика, да завзема ставови и да овозможува социјален дијалог. Има по осум членови од работничките организации, од работодавачите и од владата, но членуваат и претставници на други институции. После Собранието, претседателот и одборите, доста значајно тело е Постојаниот комитет за социјален дијалог, чии активности придонесоа за потпишување на бројни бипартитни и трипартитни спогодби. Предметот на тие спогодби со време се прошири од основните прашања на платите и условите на работа, до прашања за политиката за вработување, за професионално усовршување и модернизација на системот на социјална заштита.
ФРАНЦИЈА: Економски и социјален совет е тело основано во 1958 година, додека првото трипартитно тело, Национален економски совет, е основано во 1925 година. Советот има 231 член, од кои 163 се директно именувани од повеќе организации – синдикати, приватни претприемачи, индустриски здруженија, организации од трговијата, занаетчиството, земјоделството. Претставници на власта се 68, потоа 17 на државните компании, комуналните групи и иселениците, девет се од прекуокеанските територии, двајца од станбената изградба и банките и 40 се независни експерти.
ХОЛАНДИЈА: Социјален и економски совет, основан во 1950 година, има 33 членови, по 11 од синдикатите, работодавачите и од независни експерти, најчесто универзитетски професори. Експертите ги поставува Круната и тие не се членови на владата. Холандскиот совет се финансира од извори од стопанството, а негови задачи се да дава совети до владата, да дава поддршка на законите, да врши надзор врз здружувањето во стопанството и да ја унапредува соработката на организациите.