Синдикат на хемија, неметали и метали на Република Македонија
Ул. 12 Ударна бригада 2 а, 1.000 Скопје
Република Македонија
Тел ++389 2 3162-968
++389 2 3104-349
Претседател Зоран Мироновски
E - Mail:
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
ОРГАНИЗИРАНОСТ НА СИНДИКАТОТ ЗА ХЕМИЈА, НЕМЕТАЛИ И МЕТАЛИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Работниците во претпријатијата од дејностите хемија, неметали и метали се организираат во СХНМ по дејности и гранки, низ неколку различни области на организирање и дејствување.
Јадрото на СХНМ се синдикалните организации во претпријатијата, односно во синдикалните подружници. Сликовито прикажано структурата на СХНМ изгледа вака:
- СИНДИКАЛЕН СОВЕТ НА СХНМ
- ГРАНСКИ СИНДИКАТ
- СИНДИКАЛЕН ПОВЕРЕНИК
- СИНДИКАЛНА ПОДРУЖНИЦА
- ЧЛЕНОВИ НА СХНМ НА РМ
ОСНОВНИ ЦЕЛИ
Основната цел на СХНМ е ЗАШТИТА НА ТРУДОТ И НА СОЦИЈАЛНАТА ПОЛОЖБА НА РАБОТНИКОТ
- Цената на вложениот труд треба да биде достојна за човекот и загарантирана со Колективен договор
- Сигурност на работните места
- Подобри услови за живот и работа
- Заштита на правата на работникот на работното место
- Заштита на здравјето на работникот и на човековата околина
- Воспоставување на индустриска демократија
- Подобрување на нивото на образование на работниците
ШТО ПРАВИ СИНДИКАТОТ ЗА СВОИТЕ ЧЛЕНОВИ
- Застапување и преговори со работодавачите
- Давање совети и бесплатна правна заштита
- Преговарајќи влијае на зголемувањето на платата и на подобрување на работните услови
- Го контролира почитувањето на работничките права на работното место
- Осигурува дополнително образование на поверениците, членовите и поверениците за заштита при работа
- Се бори за еднакви работни услови на жените и мажите
- Се бори за спроведување на Законот за заштита при работа
- Влијае на носењето на праведни работни и социјални закони
ОСНОВНИ НАЧЕЛА НА ДЕЈСТВУВАЊЕ
- Самостојна и независна организација на работниците
- Доброволно зачленување независно од националната, политичката, верската и друг вид определба
- Преговарање, посредување, штрајк
- Солидарност на членовите на овој синдикат со членовите на други синдикати
- Континуирано образование и усовршување на синдикалната работа
- Го користиме знаењето на силата, а не силата на знаењето
ФАКТИ ЗА СИНДИКАТОТ
- СХНМ има ексклузивно право на колективно преговарање
- Во сите најголеми и најпрофитабилни претпријатија од дејностите хемија, неметали и метали во Република Македонија дејствува Синдикатот
- Секој напредок во висината на платата и на условите за работа се резултат на работењето на СХНМ
- Процентот на добиени судски спорови е 100 отсто
- Компаниите во кои дејствува СХНМ имаат подобри плати, подобри работни услови и покоректна работна околина