Надзорен одбор
Членови на Надзорниот одбор на ССМ и заменици на членовите
- Кире Илов - Синдикат на работниците од агроиндустрискиот комплекс на Република Македонија (АГРО - Синдикат);
- Предраг Рашовиќ - Синдикат на работниците од угостителство, туризам, комунално стопанство, занаетчиство и претпријатија за професионално оспособување и вработување на инвалиди на Република Македонија (СУТКОЗ);
- Љупка Јовановска - Синдикат за градежништво, индустрија и проектирање на Македонија (СГИП);
- Елизабета Величковска - Синдикат на поштенските и телекомуникациските работници на Македонија (СПТРМ);
- Ирфан Исаку - Синдикат на работниците од шумарство, дрвна индустрија и енергетика на РМ;
Заменици на членовите на Надзорниот одбор на ССМ:
- Зоран Симоновски - Самостоен синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на РМ;
- Зоран Алексов - Мултиетнички синдикат за образование на РМ (МЕСО)
- Лилјана Богоевска-Василевска - Синдикат на хемија и неметали на Република Македонија (СХНМ);
- Лидија Анчевска - Синдикат на графичка, информативна, филмска, издавачка дејност и производство на хартија на Република Македонија (ГИФИХ);
- Душко Петровски - Синдикат на финансиските дејности на Македонија (СФДМ).
Надзорниот одбор врши надзор и контрола во остварувањето на политиката на финансирањето на ССМ, распределбата и употребата на материјално-финансиските средства со кои располага ССМ.
Надзорниот одбор се состои од 5 члена и 5 заменици кои ги избираат синдикатите согласно Одлуката на Советот на ССМ за бројот и составот на Надзорниот одбор, а Конгресот врши верификација.
Врши контрола и ревизија на вкупното финансиско работење, примената на одлуките, правилникот, податоците на книговодствената евиденција за прибирање и користење на средства. За извршената ревизија се составува записник и истиот се доставува до органите на ССМ.
Надзорниот одбор има право и без претходно најавување да изврши контрола на финансиското работење.
Органите на ССМ се должни да овозможат увид во документацијата со која се докажува правилноста на целокупното материјално и финансиско работење.
Надзорниот одбор учествува во работата на Конгресот и поднесува извештај за својата работа.