ЕВРОПРАТЕНИКОТ МАЕР ВО ССМ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

17.07.2008

Штетно е Владата да носи одлуки еднострано, без консултации и учество на други организации, порача Ерик Маер, пратеник во Европскиот парламент. Треба да се респектираат сите работници и синдикати во Македонија...

 

Пратеникот во Европскиот парламент Ерик Маер, кој денес оствари средба во Сојузот на синдикатите на Македонија, и забележува на македонската Влада за едностраното носење одлуки и менување закони. После средбата во ССМ Маер пред новинарите изјави дека е лошо кога една влада носи одлуки само со учество на самата влада.

Треба да се респектираат сите работници и сите синдикати во државата, односно да се консултираат и другите фактори. Само на тој начин може да се дојде до добри решенија. Во Македонија не постои монопол на синдикалното движење и сите асоцијации треба да бидат вклучени во социјалниот дијалог. Широки консултации се потребни за колективното договарање, загарантираната плата, заштитата од отпуштање, еднаквоста на вработените во јавниот и во приватниот сектор. Во Република Македонија, како и во земјите на Унијата, правото на членување во синдикат е индивидуално право и затоа треба да се респектираат сите синдикати, изјави Маер.

Портпаролот на ССМ Пецо Грујовски изјави дека пратеникот Маер е запознат за предложените измени во Законот за работни односи, во делот за репрезентативноста на синдикатите, како  за други прашања, меѓу кои за работењето на Економско – социјалниот совет и за односите со Владата.

Ова е втора посета на Ерик Маер на Република Македонија во оваа година. Тој е известувач за Европскиот парламент за односите меѓу Република Македонија и Европската Унија. Првиот пат беше во земјава во месец јануари, додека кон крајот на 2008 е планирана уште една посета, од што ќе произлезе третиот извештај за Македонија за оваа година.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc