РАБОТНА СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СРСВМ И ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ССМ СО МЕНАЏМЕНТОТ НА МАКЕДОНСКИ ЖЕЛЕЗНИЦИ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

2.3.2016

Слика 1. Раководството на ССМ и МЖ Транспорт на состанокотСлика 1. Раководството на ССМ и МЖ Транспорт на состанокот

На ден 02.03.2016 претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), д-р Живко Митревски и претседателот на Синдикатот за сообраќај и врски на Р. Македонија (СРСВМ), Методија Димевски, имаа работна средба со претставниците на МЖ Транспорт АД Скопје, генералниот директор на МЖ Транспорт и претседател на Управниот одбор, г-дин Никола Костов, и Директорот за правни работи, човечки ресурси и корпоративни функции г-ѓа Јулијана Веригик.

Средбата беше посветена на анализата за потребата од унапредување на состојбата со бенефицираниот стаж за машиновозачите, барање кое од страна на МЖ Транспорт АД Скопје, беше доставено до Владата на Република Македонија за поддршка и изнаоѓање на решение.

Околу решавање на проблемот на бенефицираниот стаж на машиновозачите, Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) и МЖ Транспорт АД Скопје се договорија и се сложија да имаат заеднички настап пред Министерството за транспорт и врски, Министерството за труд и социјална политика и Владата на Република Македонија, со измени во законските прописи и правилниците, за да се бара и изнајде трајно и конечно решение за овој проблем

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) заедно со МЖ Транспорт АД Скопје ќе соработуваат и заеднички ќе ги координираат сите активности до конечно решение на признавањето на бенефицираниот стаж на машиновозачите според одговорноста и физичката и психичката тежина на работното место.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc