ОДРЖАН 13ТИОТ КОНГРЕС НА ЕВРОПСКАТА КОНФЕДЕРАЦИЈА НА СИНДИКАТИ
29.9-2.10.2015
13тиот Конгрес на Европската конфедерација на синдикати беше одржан под мотото "Застанете во знак на солидарност за квалитетни работни места, работнички права и фер општество во Европа" и истиот беше конципиран преку четири панел дебати насловени: Квалитет на работните места за младите, Квалитетно вработување за сите, Борба против социјалниот дампинг и Улогата на ЕКС на кои се дискутираа темите од Програмата на ЕКС за следниот мандатен период 2015-2019, кои опфаќаа три столба за дискусија: Столб I: Силна економија за сите работни луѓе, Столб II: Посилни синдикати за демократски вредности и демократија на работа и Столб III: Јадро на амбициозните социјални стандарди.
Во рамките на Конгресот, по иницијатива на Регионалниот синдикален совет Солидарност, за прв пат во Управувачкиот Комитет предвидено е и место и за синдикатите кои делуваат во РСС Солидарност, што претставува исклучителен резултат и признание за развојот на синдикалното движење во овие простори. Исто така, членките на РСС Солидарност одржаа состанок поврзан и со актуелните состојби во регионот, беа разгледувани повеќе теми и заземени ставови во врска со расправите на конгресот, а беше донесен и соодветен заклучок во врска со актуелните состојби во Сојузот на синдикатите на Црна Гора, со тоа што беше договорено оваа тема да биде ставена на дневен ред и на пленарната седница на РСС Солидарност која ќе се одржи во Скопје од 10-13 октомври 2015 година, а за заклучоците по однос на оваа тема да бидат информирани колегите од Сојузот на синдикатите на Црна Гора.
На Конгресот беше усвоена Програмата на ЕКС за следниот мандатен период 2015-219 и беа усвоени повеќе резолуции кои може да се најдат на следниот линк: https://www.etuc.org/resolutions-adopted-etuc15-congress-paris, а се однесуваат на бегалската криза, референдумот на Велика Британија за нова стратегија за преговарање, ситуацијата со грчките работници, БЗР и сл.
Делегатите на Конгресот, од кои 42% жени, со соодветна делегатска застапеност и на млади, во составот на делегациите покажаа изразита солидарност кон решавање на прашањата за решавање на бегалската криза. Солидарноста и единството особено беа изразени и со скоро единствено усвојување на конгресните документи и изборот на органите и телата.
На местото на досегашниот Генерален секретар, Бернадет Сегол беше избран Лука Висентини, а за заменици генерални секретари беа избрани Вероника Нилсон и Петер Шерер.