ПОСЕТА НА МИСИЈАТА НА МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН ФОНД
1.7.2015
Денес во просториите на Сојузот на синдикатите на Македонија, претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски одржа работен состанок со претставници на мисијата на Меѓународниот Монетарен Фонд, предводена од шефот на мисијата, Јасемин Рахман. На состанокот исто така присуствуваа и Патрик Житон, резидентен претставник на ММФ во Македонија и претставници на тимот на ММФ.
Тема на разговор на состанокот беше законската регулатива во делот на платите и колективните договори, како и тековната економско- социјална положба на работниците во Република Македонија.