РАБОТНА СРЕДБА СО АМБАСАДОРОТ НА ЦРНА ГОРА ВО РМ
8.6.2015
Слика 1. Претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски, амбасадорот на Црна Гора, Предраг Митровиќ и претседателот на ОРМ, Ангел Димитров
Денес во просториите на Сојузот на синдикатите на Македонија, претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски оствари работна средба со амбасадорот на Република Црна Гора, Предраг Митровиќ. На средбата присуствуваше и претседателот на Организацијата на работодавачи на Македонија, Ангел Димитров.
Фокусот на средбата беше унапредување на социјалниот дијалог во двете земји, заедничка соработка за подобрување на работничките права преку активно учество во Регионалниот синдикален совет Солидарност, со којшто оваа година претседава Република Македонија, односно Сојузот на синдикати на Македонија и претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски, како и други тековни прашања.
Слика 2. Претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски и амбасадорот Митровиќ на работната средба