ПРОДОЛЖУВААТ РАЗГОВОРИТЕ ОКОЛУ ИЗМЕНИТЕ И ДОПОЛНУВАЊА НА ОКД ЗА ПРИВАТНИОТ СЕКТОР ОД ОБЛАСТА НА СТОПАНСТВОТО
15.6.2015
Денес во просториите на Сојузот на синдикатите на Македонија продолжија разговорите помеѓу Сојузот на синдикатите на Македонија и Организацијата на работодавачи на РМ по однос на измените и дополнувањата на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, вклучително и за регресот за годишен одмор.
Партнерите констатираа дека правото на регрес за годишен одмор останува за работниците од приватниот сектор во Република Македонија со тоа што истото би било поврзано со членување во синдикат, а во одредени случаи би се утврдила и можноста при исплатата да се земе во предвид економско - финансиската состојба на работодавачот за што задолжително се прави посебен договор со синдикатот на ниво на работодавач по претходна согласност од синдикатот на повисоко гранско ниво, односно дејност.
На средбата договорено е формирање на работна група која е должна да го утврди точниот текст на измените и дополнувањата.