XIX Конгрес на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) 21 мај 2015 Охрид, Македонија
28.5.2015
На 21 мај 2015 година во хотел Инекс Парк Горица, Охрид се одржа XIX Конгрес на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).
На Конгресот присуствуваа 98 делегати од 17 гранкови синдикати, здружени во ССМ, голем број гости, соработници и социјални партнери од земјата регионот и Европската конфедерација на синдикати (ЕКС).
Претседателот д-р Живко Митревски, како единствен кандидат на овој конгрес ја доби поддршка од сите 98 делегати присутни на конгресот, со што беше едногласно избран за претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) во наредниот мандатен период.
Воедно на конгресот беа усвоени Програмата за дејствување на ССМ во периодот 2015-2020, како и Резолуција за заедничко дејствување, акционо единство и јакнење на позицијата на ССМ во општеството.
Повеќе информации може да најдете на следниот линк: ИЗВЕШТАЈ XIX КОНГРЕС CCM 28.5.2015