СГИП И СШДЕ ПРИМЕНИ ПОД УСТАВНО ИМЕ КАКО РАМНОПРАВНИ ЧЛЕНКИ ВО ЕВРОПСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА ЗА ГРАДЕЖНИШТВО И ДРВНА ИНДУСТРИЈА - EFBWW
16.12.2014
На 19.11.2014-та година Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање на Република Македонија- СГИП и Синдикатот на работниците од шумарството, дрвната индустрија и енергетика на Република Македонија - СШДЕ се примени како членки во Европската федерација за градежништво и дрвна индустрија EFBWW каде ќе ја претставуваат Република Македонија под уставното име пред синдикатите од земјите членки на ЕУ.
Овој настан е од особена важност за нашите синдикати и за Република Македонија бидејќи во Европската федерација за градежништво и дрвна индустрија EFBWW членуваат само синдикати на земји членки на Европската унија. Со ова членување СГИП и СШДЕ влегуваат во фамилијата на синдикатите за градежништво и дрвна индустрија со земјите од Европска унија и ќе учествуваат во активностите на Европско ниво во интерес на своите членови. Со ова СГИП и СШДЕ стануваат членови на уште една меѓународна организација, со цел за подобрување на правата на своите членови. По повод приемот на нашите синдикати во EFBWW се одржа прес конференција каде пред своите членови се обратија Претседателот на СГИП Павел Трендафилов и Претседателот на СШДЕ Живко Митревски.