ОДРЖАН VII КОНГРЕС НА СОЈУЗ НА САМОСТОЈНИ СИНДИКАТИ НА ХРВАТСКА
13-15.11.2014
Во период од 13 до 15 ноември 2014 година во Тухељске Топлице се одржа VII- от Конгрес на Сојузот на самостојни синдикати на Хрватска– СССХ, под мотото „Силен синдикат за подобра Хрватска“.
На Конгресот присуствуваше делегација од Македонија предводена од претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, д-р Живко Митревски.
Делегатите на Конгресот повторно му ја дадоа својата доверба на претседателот на СССХ, Младен Новосел за вршење на функцијата претседател во наредните четири години.