ОДРЖАНА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА ПО ПОВОД ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА МИНИМАЛНА ПЛАТА

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

 

28.10.2014

Слика 1. Претседателот Митревски на прес конференцијатаСлика 1. Претседателот Митревски на прес конференцијата

Денес во Сојузот на синдикатите на Македонија се одржа прес конференција во врска со најновите измени на Законот за минимална плата, усвоени од Економско Социјалниот Совет и Владата на Република Македонија на која присуствуваа министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, д-р Живко Митревски.

На барање на Сојузот на синдикати на Македонија и поаѓајќи од потребата за зајакнување на механизмот за исплатата на минималната плата на вработените во Република Македонија, како и заштита на интересите на работниците, со новите измени се предвидува доколку државниот инспектор за труд утврдил  и констатирал дека на работникот му е исплатен понизок износ од висината на минималната плата, работодавачот најпрво има обврска во рок од седум дена да ја исплати минималната плата, но доколку не постапи односно не ја исплати минималната плата во рок од 7 дена, во тој случај ќе му се изрече глоба во износ од 8.000 до 9.000 евра во денарска противвредност. Доколку во рок од една година, работодавачот го направи истиот прекршок односно не му се исплаќа минимална плата на работникот ќе му се изрече глоба од 9.000 до 10.000 евра во денарска противвредност, а државниот инспектор за труд ќе донесе решение за забрана на работата на  работодавачот во траење од 15 дена за кој период ќе биде обврзан да исплати минимална плата и социјални придонеси за вработените. Во измените на законот за минимална плата, исто така се предвидени и глоби за одговорното лице кај работодавачот, во износ од 4000 до 5000 евра во денарска противвредност. Овие предлог измени се потполно во интерес и заштита на правата на работниците во Р. Македонија, изјави министерот Спасов.

Во својот говор, претседателот д-р Митревски истакна дека централна определба на Сојузот на синдикатите на Македонија е спроведување на концептот на минимална плата. Со измените сакаме да го постигнеме следново: спречување на злоупотребата на некои работодавачи; елиминирање на нелојалната конкуренција; зголемување на професионалната етика на работодавачите; намалување на дополнителните трошоци на работодавачите кои не го почитуваат законот; намалување на сивата економија и криминалот; понатамошна грижа за животниот стандард на најранливите и најсиромашните слоеви од општеството, изјави претседателот д-р Митревски.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc