ТРИПАРТИТНА СРЕДБА ЗА ДЕФИНИРАЊЕ НА ПРИОРИТЕТИ ВО ПРОГРАМА ЗА ПРИСТОЈНА РАБОТА 2014-2017
21.10.2014
На 21 октомври 2014 година претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, д-р Живко Митревски, учествуваше на трипартитна средба за дефинирање на приоритетите во Програмата за пристојна работа 2014-2017.
Настанот се одржа во х. Александар Палас во организација на Меѓународната организација на трудот- МОТ на кои присуствуваше директорот на Меѓународната организација на трудот за Централна и Источна Европа (ILO) Антонио Грациоси и повеќе експерти на МОТ.
На почетокот на средбата секој од социјалните партнери водеа поединечни разговори со претставниците од МОТ и ги поставија приоритетите кои се од особена важност за дефинирање на Програмата за пристојна работа 2014-2017.
Исто така на средбата беше презентирана евалуацијата од Програмата за пристојна работа 2010-2013 од страна на евалуаторот Марија Нашоковска.
На крајот на средбата беше заклучено дека главни приоритети усогласени од страна на социјалните партнери кои треба да бидат вклучени во Програмата за пристојна работа 2014-2017 се: вработување, со посебен акцент на младите лица, социјалниот дијалог и неформалната економија.