ОДРЖАНА СЕДМА ЛЕТНА ШКОЛА НА ПЕРК
6-7.10.2014
Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија д-р Живко Митревски од 6 до 7 октомври присуствуваше на Седмата летна школа на Пан Европски Регионален Совет- ПЕРК во Братислава.
По отворањето на школата, Јаап Винен, заменик генералниот секретар на Меќународната конфедерација на синдикати- ИТУЦ, ги запозна присутните со активностите на ИТУЦ во врска со спроведувањето на Програмата утврдена на претходниот Конгрес на ИТУЦ. Во фокусот на Програмата ќе биде организирањето и зачленувањето на ново членство, раст на синдикатите, реализација на работничките права и спроведување на Програмата за одржливи работни места.
На оваа школа свое обраќање имаше и претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, д-р Живко Митревски, кој даде посебен осврт на информирањето, зголемување на капацитетите на синдикатите за начинот на реализација на информациите, во кој ги презентира практичните искуства на ССМ, во изработка на месечниот билтен, кој е оценет како еден од најуспешните реализирани практики на синдикатот во информирањето и прикажувањето на неговите резултати, како и пристапноста и присуството во медиумите и меѓу членството.