ЕДНОДНЕВНА КОНФЕРЕНЦИЈА ПОСВЕТЕНА НА СИНДИКАЛНОТО ОРГАНИЗИРАЊЕ И АКТУЕЛНИТЕ ПРОБЛЕМИ ВО ТУРИЗМОТ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

 

15.9.2014
Слика 1. Претседателот Митревски на конференцијатаСлика 1. Претседателот Митревски на конференцијата

Во организација на регионалните канцеларии на ФЕС од Белград, Р. Србија  и Тирана, Р. Албанија, на 15.9.2014 г., беше одржана еднодневна Конференција посветена на синдикалното организирање и актуелните проблеми во туризмот, со посебен акцент на делови од туризмот и перспективите за натамошен развој.

Од страна на делегацијата од Македонија предводени од претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, д-р Живко Митревски, беше презентирана стратегијата на Р. Македонија за развој на туризмот, состојбата со колективното договарање како и проблемите на вработените од овој сектор. Исто така беше презентирана и актуелната стратегија за развој на оваа гранка и во поодделни сегменти особено на езерскиот и планинскиот туризам.

Претставниците на синдикатите од Турција, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и Македонија се договорија за меѓусебно поврзување и заедничко дејствување по повеќе актуелни синдикални прашања и исто така беше договорено наредната средба од ваков тип да се одржува во Турција, при што домаќин ќе биде синдикатот на земјоделство, шумарство и туризам.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc