ОДРЖАНА 42РА СЕДНИЦА НА ПРЕТСЕДАТЕЛСТВОТО НА ССМ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

 

23.09.2014

Претседателството на Сојузот на синдикатите на Македонија ја одржа 42-рата седница на која што беа разгледани повеќе информации и тоа: Информација за состојбата со потпишани колективни договори и колективно договарање, информација за активностите на ССМ околу исплата на регресот за годишен одмор, информација за одржана седница на ЕСС, како и други тековни прашања.

На седницата на претседателството на ССМ беа присутни поголемиот број на претседатели на грански синдикати, а отсутни на седницата беа: Пеце Грујовски, претседател на УПОЗ, Пеце Ристески, претседател на СИЕР и Милован Арсовски, претседател на ГИФИХ.

Во своето воведно излагање претседателот на ССМ го потенцираше значењето на колективното договарање и легитимирањето на синдикатите во процесот за уредување на работно правните обврски помеѓу работниците и работодавачите. Беше истакнато дека овој процес, во континуитет мора да се реализира со заложба таму каде не се формирани соодветните одбори надлежни за дел на гранска дејност во рамките во структурите на работодавачите да се направат заеднички напори тоа да се реализира, а беше нагласена и потребата за интензивирање и на позицијата на ресорните министерства заради поттикнување на процесот на колективно преговарање. По обемната дискусија беа донесени повеќе заклучоци како:

  • Системот на колективно договарање утврден во работното законодавство кој е поставен на 3 основи со можност за потпишување на колективни договори на ниво на работодавач, гранка и општ колективен договор во приватен и јавен сектор во моментот соодветствува на потребите на социјалните партнери за регулирање на работно правните обврски и во моментот не треба да се менува;
  • Претседателството на ССМ оценува дека заради интензивирање на процесот на колективно преговарање и склучување на колективи договори потребно е во идните измени на Законот за работни односи да се дефинира и посебен член кој ќе упатува на обврската и должностите на социјалните партнери за поттикнување на процесот на колективното преговарање;
  • Заради реализација на интензивирање на процесот на колективното преговарање, претседателството на ССМ оценува дека потребно е да се одржи посебен состанок со Организацијата на работодавачи на Македонија, како репрезентативен претставник на работодавачите и член на ЕСС, како и одржување на посебна конференција посветена на колективното преговарање и договарање;
  • Реализација на систем на обуки за колективно преговарање на ниво на работодавач и
  • Состанок со директорот на ТИРЗ.

По однос на втората точка на дневниот ред беше направена анализа во делот на спроведувањето на обврската на работодавачите за исплата на регрес за годишен одмор, а по однос на информацијата за одржаниот состанок на ЕСС, претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски информираше дека со прифаќањето на измените и дополнувањата на законот за Безбедност и здравје при работа уште еднаш успешно се зацврстува и реализира кампањата на ССМ која започна на Први мај, а е посветена точно на измените во овој закон проследени со барање од страна на ССМ за измени и дополнувања, со кои се јакнат позициите во оваа област, а особено во делот на контролата на претседателот на синдикалната организација и воопшто на синдикатот. Исто така, на одржаната седница на ЕСС на 15ти септември 2014 година прифатени се и измените и дополнувањата на Законот за минимална плата со кои се зголемуваат казните, но и се отвора можност за затворање на одредени правни субјекти кои не исплаќаат минимална плата согласно законот. На оваа седница на ЕСС, исто така беше дадена поддршка на Предлог законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност.

На крајот од седницата од страна на претседателот на ССМ беше информирано и за активностите на ССМ за формирање на центарот за обука и едукација.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc