ПРОДОЛЖУВА ПОТПИШУВАЊЕТО НА КД НА ЗДРУЖЕНИТЕ СИНДИКАТИ ВО ССМ - ПОТПИШАН КД ЗА ЗАШТИТНИ ДРУШТВА НА МАКЕДОНИЈА-

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

25.09.2014

25.09.2014-foto1Слика 1. Потпишување на КД за заштитните друштва на Македонија

Во рамките на стратегијата на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) за развој на социјалниот дијалог и доуредување на правата и обврските на вработените на 25.9.2014, во просториите на ССМ потпишан е колективен договор за заштитни друштва од страна на Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално- станбено стопанство, занаетчиство и заштитни друштва на Македонија (СУТКОЗ) и Заедниците на заштитни друштва на Македонија (ЗАПОВИМ) при Организацијата на работодавачите на Македонија (ОРМ).

Во своето обраќање во врска со потпишувањето на овој колективен договор, претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски го изрази задоволството од постигнатиот договор помеѓу социјалните партнери и посака успешно имплементирање на одредбите од колективниот договор во практиката. Потпишувањето на овој колективен договор е резултат на континуитетот во социјалниот дијалог што го негуваат потписниците, а што е уште поважно, со оглед на тоа што се однесува за посебна категорија на работници и на заштитни друштва, значењето на потпишувањето на овој колективен договор добива уште поголема тежина.

Во обраќањата, претседателот на ОРМ, Ангел Димитров и претседателот на СУТКОЗ, Дарко Димовски, исто така го потенцираа значењето на овој колективен договор и ги потенцираа карактеристиките кои значат дорегулирање на правата и обврските на работниците во заштитните друштва. Инаку, согласно законската регулатива, овој колективен договор се склучува за период од две години, ги дефинира постапките за измени и дополнување, услови за работа на синдикатот, заштита на работниците, воведува ново поглавје информирање и консултирање за безбедност и здравје при работа, додатоците, надоместоците, платата, а истовремено во текстот се врши усогласување со измените и дополнувањата од Законот за работни односи.

25.09.2014-foto2Слики од потпишувањето на колективниот договор

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc