УШТЕ ЕДНА УСПЕШНА ЗАВРШЕНА ПРВОМАЈСКА КАМПАЊА НА ССМ-ПРИФАТЕНИ БАРАЊАТА НА ССМ ЗА ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА БЗР
15.09.2014
На 15.09.2014 година во просториите на Министерството за труд и социјална политика, се одржа 24-тата седница на Економско- социјалниот совет на која присуствуваа социјалните партнери членови на ЕСС.
На седницата беа разгледани повеќе закони. Се прифатија барањата на Сојузот на синдикатите на Македонија по однос Предлог измените на Законот за безбедност и здравје при работа, Предлог измените и дополнувањата на Законот за минимална плата и Предлог законот за забрана и спречување за вршење на нерегистрирана дејност. По однос на барањата на ССМ социјалните партнери исто така го дадоа својот глас.