ТВИНИНГ ПРОЕКТ „ПОДДРШКА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКТИВНИ МЕРКИ И УСЛУГИ НА ПАЗАРОТ НА ТРУДОТ“

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

03.09.2014

03.09.2014-foto5

Денес претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, д-р Живко Митревски, присуствуваше во „Музејот на македонската борба“ по повод свеченоста за отпочнување на Твининг проектот „Поддршка на Агенцијата за вработување за спроведување на активни мерки и услуги на пазарот на трудот“, финансиран од Европската Унија, кој е пак заеднички проект на Агенцијата за вработување, Министерството за труд и социјални работи на Германија и Министерството за социјална заштита и труд на Литванија.
Покрај институциите корисници на овој проект присутни беа и министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, директор на Агенцијата за вработување на Македонија, Влатко Поповски, амбасадорот на Република Германија, Кристине Алтхаузер, раководителот на одделот за соработка-Делегацијата на Европската унија, Мартин Клауке и претставници од Секретаријатот за Европски прашања.

03.09.2014-foto6Слика 1: Учесници на проектот

Главна цел на проектот е да се подобри квалитетот, ефикасноста и ефектите од услугите кои ги нуди Агенцијата за вработување, со цел да се намали невработеноста и да се спречи лицата кои се вработени да станат невработени. Исто така проектот цели кон подобрување на услугите и мерките за вработување за лицата во понеповолна положба на пазарот на трудот и зголемен број на невработени лица кои имаат полза од услугите на Агенцијата за вработување.
Од овој проект се очекува Агенцијата за вработување да изгради капацитет за оценување на релевантноста, ефикасноста и резултатите од спроведените активни политики и мерки на пазарот на трудот во поглед на потребите на невработените и работодавачите, понатаму зајакнување на капацитетот на Агенцијата за вработување за развој и отпочнување на нови и подобрување на постоечките активни политики и мерки на пазарот на трудот, зајакнување на активните политики и мерки на пазарот на трудот финансирани од ИПА и секако подобрување на услугите на Агенцијата за вработување како продолжение на модернизацијата на Агенцијата.
Со овој проект се очекува 90% од вработените во Агенцијата за вработување да бидат обучени.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc