РАБОТНА ПОСЕТА НА РАКОВОДСТВОТО НА ССМ НА СИНДИКАЛНАТА КАНЦЕЛАРИЈА СТРУГА
27.8.2014
Денес, претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, д-р Живко Митревски и секретарот, Анѓелко Анѓелковски беа во работна посета на синдикалната канцеларија во Струга.
Посетата беше наменета во делот на спроведувањето на кампањата за безбедност и здравје при работа и спроведување на колективните договори за приватен сектор на територијата на Струга. За тековната состојба и работата на синдикалната канцеларија во Струга реферираше координатор Радован Ивановски.