ВТОР МОДУЛ ОД „АКАДЕМИЈА ЗА МЛАДИ СИНДИКАЛНИ ЛИДЕРИ 2014“
23 и 24.8.2014
На 23 и 24.08.2014 год. во хотел „Десарет“- Охрид, беше одржан вториот модул од „Академија за млади синдикални лидери 2014“, во организација на ССМ и фондацијата „Фридрих Еберт“ канцеларија Македонија.
Програмата од модулот беше презентирана од страна на проф. д-р Тодор Каламатиев, а темите кој беа обработувани се однесуваа на делот на Законот за работни односи, Постапка за засновање на работен однос и Договор за вработување. Од страна на присутните за овие теми се отвори широка дискусија, каде беа споделени мислења и аргументи "pro et contra" постоечката структура и содржина на Законот за работни односи.
За крај се изврши проценка на стекнатите знаења, во текот на овој модул, при што, од страна на учесниците на семинарот, беше констатирано дека истиот поминал успешно. Се донесе и генерален заклучок дека ваквиот начин и степен на обука на младите синдикални лидери, е потребен за понатамошно нивно проактивно делување на терен а со тоа и зацврстување на синдикалната организација.