ОДБЕЛЕЖАН 2-РИ АВГУСТ- ИЛИНДЕН
02.08.2014
Слика 1. Положување на свежо цвеќе пред споменикот на АСНОМ во паркот „Жена борец“
Слика 2. Положување на свежо цвеќе пред споменикот на Никола Карев пред Собранието на Р.М.
Слика 3. Положување на свежо цвеќе пред споменикот на Методија Андонов Ченто на плоштадот „Македонија“
По повод големиот македонски државен празник 2 Август, на кој се одбележува 70-годишнината од одржувањето на АСНОМ и 111-годишнината од Илинденското востание, делегација на Сојузот на синдикатите на Македонија, предводена од претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски, денеска, 2.08.2014 година, положи цвеќиња пред споменикот на АСНОМ во паркот „Жена борец“, пред споменикот на Никола Карев, пред Собранието на Република Македонија и пред споменикот на Методија Андонов Ченто на плоштадот „Македонија“.
Пред спомениците на АСНОМ, на Никола Карев и на Методија Андонов Ченто цвеќиња положија и Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, претставници од Владата и од Собранието на Република Македонија, претставници од Генералштабот на Армијата на Република Македонија, членови на Сојузот на борците, претставници на политички партии, на дипломатскиот кор во нашата земја, здруженија на граѓани и организации.