СВЕЧЕНО ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ЗАВРШУВАЊЕ НА ЖЕТВАТА ВО АД „ЗК ПЕЛАГОНИЈА“- БИТОЛА

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

01.08.2014

01.04.2014-foto1Слика 1: Претседателот Митревски и извршниот директор Томислав Давков на свеченоста

На голем собир пред околу 600 вработени на 1.8.2014 година, свечено беше одбележан денот на завршување на жетвените активности на најголемиот комбината во Р. Македонија, АД „ЗК Пелагонија“- Битола.
По завршувањето на жетвата на јачменот и маслодајната репка завршија и жетвените активности на пченицата во овој комбинат.

Пред најголемиот број вработени свое обраќање имаше менаџментот, предводен од г-н Цветан Панделевски, кој посебно укажа на значењето на овој чин на инвестиции кои се вложуваат и на мерките кои се превземаат за развој на комбинатот. Од страна на извршниот директор, Томислав Давков, беа доделени и повеќе парични награди за најзаслужните работници.

На оваа свеченост присуствуваше и претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, д-р Живко Митревски, кој посетата ја искористи и за дефинирање на терминот за потпишување на измените и дополнувањата на Колективниот договор, како и начинот на спроведувањето на мерите за безбедност и здравје при работа.

01.04.2014-foto2Слика 2: Вработените од АД „ЗК Пелагонија“- Битола на свеченоста

Инаку ваков вид на свеченост за прв пат се реализира во овој комбината, и е една од низата на мерки кои новите сопственици ги реализираат во делот на спроведување на корпоративната општествена одговорност и грижата за вработените.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc