РАБОТНА ПОСЕТА НА СК СТРУМИЦА И РАЗГОВОРИ СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ОРМ ВО СВЕТИ НИКОЛЕ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

22.07.2014

22.07.2014-foto1Слика 1: Претседателот Митревски, секретарот Анѓелко Анѓелковски и Васил Глигоров пред синдикалната канцеларија во Струмица

Работниот ангажман на раководството на Сојузот на синдикатите на Македонија и натаму продолжува, согласно оперативната програма за работно одбележување на летото, продолжуваат посетите на регионални синдикални претставништва и синдикалните канцеларии.

На 22.7.2014 година претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски и секретарот Анѓелко Анѓелковски имаа работна средба во синдикалната канцеларија Струмица, на која што со правниот застапник, Васил Глигоров беше анализирана состојбата околу колективното преговарање и договарање, активностите околу спроведувањето на кампањата за безбедност и здравје при работа, организирање и мобилизирање на ново членство, како и функционирањето на социјалниот дијалог на локално ниво, со оглед на тоа што ЛЕСС во Струмица е еден од првите формирани локално економско-социјални совети.

22.07.2014-foto2Слика 2: Претседателот Митревски, претседател на ОРМ, Ангел Димитров и секретарот на ССМ, Анѓелко Анѓелковски во Свети Николе

 

Истиот ден, претседателот и секретарот на ССМ имаа работна средба со претседателот на ОРМ, Ангел Димитров. Средбата се одржа во Свети Николе во работните простории на конфекцијата „МОДА“. Во фокусот на разговорите беше разгледувано прашањето околу спроведувањето на Општиот колективен договор за приватниот сектор и реализација на правата утврдени во него.

Исто така, предмет на разговор беа и повеќе иницијативи и предлог закони доставени од страна на Владата на РМ и доставени до социјалните партнери, при што беа договорени заеднички стратегии во рамките на спроведувањето на концептот за развој на социјалниот дијалог на национално и локално ниво.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc