КОНФЕРЕНЦИЈА ОРГАНИЗИРАНА ОД МОТ ПОСВЕТЕНА НА ЗАШТИТАТА НА МАЈЧИНСТВОТО И ТАТКОВСТВОТО
08.07.2014
Во организација на Меѓународна организација на трудот и на националниот координатор од МОТ во Скопје, Емил Крстановски, од 8 до 9 јули се одржува Конференција на заштита на мајчинството и татковството. На Конференцијата воведен говор имаше Диме Спасов, министер за труд и социјална политика, Антонио Грациози, директор на Меѓународна организација на трудот за Централна и Источна Европа и Софија Амарал де Оливеира, експерт за родова еднаквост од МОТ Будимпешта.
На Конференцијата присуствуваа и претставници од ССМ, предводени од претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски.
Во рамките на Конференцијата беа разгледани повеќе теми во повеќе сесии посветени на мајчинството и татковството во работниот однос: меѓународни стандарди за трудот и актуелен закон и практика во Македонија, а беше презентирана и националната студија за мајчинството и татковството на работно место во Македонија презентирана од Неда Коруновска, независен консултант.
На Конференцијата од страна на Лаура Адами експерт од МОТ, беше презентиран и Извештајот на МОТ, како и политиките за работа и семејство во насока на подобрена заштита на мајчинството и политиките посветени на поддршка и подигнување на свеста за заштита на мајчинството на работното место.
На оваа Конференција беа презентирани и практики и искуства од страна на трипартитните партнери, како и развој на Акциски план за подигнување на свеста за мајчинството и татковството на работното место.