АКТИВНОСТИ НА СИНДИКАТОТ И МЕНАЏМЕНТОТ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПОВЕЌЕ ПРОЕКТИ И ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА КД
01.07.2014
Синдикатот на работниците од шумарство, дрвна индустрија и енергетика на РМ (СШДЕ) заедно со менаџерскиот тим на ЈП Македонски Шуми одржа заеднички состанок посветен на повеќе активности поврзани со реализација на проектот со BWI, во кој фокусот беше ставен нa работењето на ЈП Македонски Шуми, активностите во делот на преземање на мерки околу актуелните состојби и реализација на кампањата на БЗР.
Од страна на Претседателот на СШДЕ, претседателите на синдикалните организации од синдикатот и членовите на претседателството беа запознаени со активностите поврзани со процесот на договарање околу измените и дополнувањата на КД за вработените во ЈП Македонски Шуми, како и спроведувањето на активностите на мерките за БЗР.
Од страна на Генералниот директор на ЈП Македонски Шуми, Жарко Караџовски беше образложена и актуелната состојба во ЈП Македонски Шуми, предлозите околу надминувањата на моменталните состојби, предлозите за измена на законската регулатива поврзана со шумарството и идните планови на менаџментот и државата околу шумарството и ЈП Македонски Шуми.
Што се однесува до реализација на проектот околу БЗР, истиот се реализира во рамките на претходно утврдените активности, кои вклучуваат и посети во делови каде се реализира процесот на производство, како и обука на членството во делот на спроведување на мерките за БЗР. Во контекст на севкупните активности присутните беа запознаени и со активностите кои ги презема државата со соодветните органи во делот на спречувањето на присутните бесправни сечи и прометот на дрва надвор од законско пропишаните норми.