ПОЧЕТОК НА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ИЗМЕНА И ДОПОЛНУВАЊЕ НА КОЛЕКТИВНИОТ ДОГОВОР ВО ЈП „МАКЕДОНСКИ ШУМИ“
23.06.2014
Комисијата за колективно преговарање на Синдикатот за шумарство, дрвна индустрија и енергетика на Македонија, во состав: д-р Живко Митревски, претседател на Синдикатот за шумарство, дрвна индустрија и енергетика на Македонија и претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија, Ирфан Исаку, Трајче Илиев и Кире Шушевски, со претставниците на менаџментот на ЈП „Македонски шуми“, на 23.6.2014 година ги започнаа преговорите околу изменување и дополнување на Колективниот договор за вработените во ЈП „Македонски шуми“ - Скопје.
Целта на преговорите е усогласување на постојниот Колективен договор со законската регулатива и утврдување на повеќе специфики во делот на теренскиот додаток.
Од стана на преговарачките тимови беа разгледани и други прашања поврзани со надоместоците и додатоците, како и усогласување со измените на Законот за работните односи.
Комисиите се договорија и дека по разгледување на текстовите во соодветните органи ќе следи и потпишување на измените и дополнувањата на Колективниот договор. На средбата е остварен договор дека во Колективниот договор за вработените од ЈП „Македонски шуми“ ќе биде утврдена и минималната плата.