ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ И БЕЗБЕДНОСТА И ЗДРАВЈЕТО ПРИ РАБОТА
16-18 и 18-20.6.2014
Во рамки на Проектот: „Граѓанските организации како активни социјални актери во промоција на стандарди за безбедност и здравје при работа“, во Охрид се одржаа две дводневни обуки. Носител на проектот е Македонското здружение за заштита при работа.
На обуката учествуваа претставници на ССМ, ОРМ, претставници на Националниот совет за безбедност и здравје при работа, Државниот трудов инспекторат, образовни институции, невладиниот сектор, консултанти- експерти од Р. Македонија и Европската Унија.
Во текот на обуката беа презентирани: македонскиот Закон за безбедност и здравје при работа, со акцент на методологијата на проценка на ризик, Лобирање и застапување за безбедност и здравје при работа и Студија од ЕУ за соработка меѓу релевантните фактори во безбедноста и здравјето при работа и можните начини за соработка меѓу релевантните фактори во Република Македонија. Од страна на ССМ беше презентиран предлогот за измени и дополнување на Законот за безбедност и здравје при работа.