СГИП И ССМ ИМ ГО ЧЕСТИТААТ 20-ТИ ЈУНИ, ДЕНОТ НА ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТНИЦИ, НА СИТЕ РАБОТНИЦИ ВО ГРАДЕЖНИОТ СЕКТОР

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

20.06.2014

20.06.2014-foto1Слика: Положување цвеќе пред спомен одбележјето кај Градска болница, Скопје

По повод 20-ти Јуни, Денот на градежните работници, се одржува свечена седница на Советот на СГИП. Исто така, традиционално се одржа и средба со пензионерите, поранешните активисти на СГИП, кои дале голем придонес во развојот на синдикалното движење во изминатите години во нашата Република.

Во знак на почит кон поранешните синдикални активисти и првиот штрајк на градежните работници во Република Македонија, во 1936 година, се положи свежо цвеќе пред спомен одбележјето кај Градската болница во Скопје.

Ова е поттик, но воедно и гордост, за сите наши работници и членови на синдикатот да ја продолжат својата активност во остварувањата на правата на работниците.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc