12 ЈУНИ – СВЕТСКИ ДЕН ПРОТИВ ЗЛОУПОТРЕБА НА ДЕТСКИОТ ТРУД

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

12.6.2014

Но, Сојузот на синдикатите на Македонија силно е против искористување на детскиот труд и, како и до сега, и натаму ќе се залага за забрана на работа на малолетните деца. Секое дете има право на среќно детство. Затоа и бевме иницијатори и ја поддржавме ратификацијата на Конвенцијата на МОТ С182 за најлошите форми на детскиот труд, 1999 и Конвенцијата С138 за минимална возраст, 1973. ССМ, исто така, ги поддржува сите заложби, активности, акции и апели на Меѓународната организација на трудот кои се однесуваат на водењето добри политики за социјалната заштита како суштинско прашање за искоренување на злоупотребата на детската работна сила.

Сојузот на синдикатите на Македонија надминувањето на проблемот со злоупотреба на детскиот труд го гледа во зголемувањето на можностите секое дете задолжително и квалитетно да се наобразува, обучува и оспособува за вклучување во процесот на трудот на соодветна возраст, без било какви ограничувања и дискриминација, што е и темелно човеково право загарантирано со највисоките правни прописи на Република Македонија.

Во овие напори за елиминирање на злоупотребата на детскиот труд, потребно е координирано заедничко дејствување на сите одговорни субјекти во државата, да се води социјален дијалог и да се постигнува консензус меѓу социјалните партнери во напорите да се обезбедуваат услови за реализирање на детските потенцијали преку образовните и културните институции, а не со користење на нивниот детски труд.

Сојузот на синдикатите на Македонија е уверен дека преку заедничко партиципирање и инвестирање во образовниот напредок на децата, спортот, културата, преку програми и мерки за социјалната заштита, и натаму ќе опаѓа бројот на децата чиј труд се злоупотребува, посебно на оние кои извршуваат опасни работи, кој сега на глобален план се движи околу 168 милиони и дека тоа е иднината на детската популација и воопшто човештвото.

* Кампања на Меѓународната организација на трудот по повод Светскиот ден против злоупотреба на детскиот труд

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc