ШКОЛА ЗА ЖЕНИ СИНДИКАЛНИ ЛИДЕРИ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

16-18.05.2014

16-18.04.2014-foto1Слика 1. Учесничките на Школата за жени синдикални лидери 2014 година

Првиот семинар од Школата за жени синдикални лидери 2014 година се одржа од 16 до 18 мај 2014 година во Охрид. Семинарот беше поддржан од Фондацијата „Фридрих Еберт“, Канцеларија во Македонија и беше наменет за обука на жени- синдикалки од: ССМ, КСС, УНАСМ и ССНМ. Учесници на оваа Школа беа претставнички од сите грански синдикати во РМ.
Целта на Школата е да се стави силен акцент на родовата еднаквост на работното место и поттикнување на жените да бидат вклучени како лидери во синдикатот.
Ова е втора година по ред, жените синдикални активисти, без оглед на нивната конфедерациска синдикална припадност, со еднакви сили да се вклучат во изградбата на заедничка платформа во однос на повеќе прашања за родовата еднаквост.

На Првата сесија во својство на презентери настапија познати експерти:

  • Јулијана Трајковиќ, вработена во Министерството за внатрешни работи и член во Македонскиот полициски синдикат - МПС и прв учесник во Мисијата за градење мир, спонзорирана од Обединетите нации, ја изнесе својата презентација за нејзиниот 18-месечен престој во Мисијата во Либерија. Таа беше во тимот на лидерите одговорни за обука и поттикнување на жени – полициски регрути во Либерија. Во својата презентација истакна позитивни примери за успешни жени во „светот на мажите“.
  • Лале Акѓун, по потекло Германка, авторка и поборник за родова еднаквост, исто така истакна повеќе позитивни примери за успешни жени.
  • Владо Караев, на учесниците им ги образложи потребните елементи за успешни синдикални лидери, преку тимска работа и лидерство.

Во наредниот период ќе се одржи и една панел дебата во рамките на Школата за жени синдикални лидери 2014.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc