ОДБЕЛЕЖАН 6 МАЈ- ДЕНОТ НА МЕТАЛУРЗИТЕ
06.05.2014
На 6 Мај во Кавадарци, беше одбележан Денот на металурзите.
Домаќин и организатор на прославата беше претседателот на синдикалната организација при „Фени Индустри“ од синдикатот на СИЕР и член на Советот на ССМ, Илија Хаџи- Николов. Покрај останатите гости беа и претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, д-р Живко Митревски, претседателот на синдикатот на СИЕР, Пеце Ристевски и генералниот секретар на СИЕР, Маре Анчева.
Во рамките на одбележувањето на Денот на металурзите беа организирани и спортски игри во повеќе дисциплини.
Во дисциплините мал фудбал и влечење јаже, прво место освоија екипата на „Фени Индустри“, второ место екипата на „ИГМ- Вратница АД“ и трето „Дрекслер и Маер“.
Претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски и претседателот на СИЕР, Пеце Ристевски учествуваа во доделувањето на наградите.