ВОНРЕДЕН СОСТАНОК ЗА ПОЛИТИКАТА НА МЕЃУНАРОДНИТЕ ФИНАНСИСКИ ИНСТИТУЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА
28.04.2014
На 28 и 29 април 2014 година во хотелот Арка , Скопје во организација на Меѓународната конфедерација на синдикатите- ИТУЦ се одржува меѓународна конференција на тема: „Предизвиците на кризата и одговорите на глобалните синдикати и меѓународните институции“.
На состанокот присуствуваат претседателите на поголемите синдикални сојузи од Р. Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово како и претседателите на Сојузот на синдикатите на Македонија, Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија и Унијата на независни и автономни синдикати на Македонија.
Свои обраќања имаа Григор Градев, секретар на ПЕРК, Петер Баквис, директор на канцеларијата на Глобални синдикати од Вашингтон како и Ениса Салимовиќ, регионален координатор на ИТУЦ- ПЕРК од Сараево.
Посебен фокус беше посветен на трите мерки на Глобалните синдикати и тоа на мерките на поддршка на економското опоравување, мерките за создавање на достоинствени работни места и промена на нееднаквоста и мерките за ефективни финансиски прописи и оданочување.
Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, д-р Живко Митревски, во своето обраќање ги потенцираше превземените мерки на овој план, а особено мерките за зголемувањето на минималната плата и мерките за поттикнување на вработувањето. Тој посебно укажа на потребата од градење на регионална стратегија на синдикатите по однос на овие прашања.