20-ТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА САМОСТОЈНИОТ СИНДИКАТ ЗА ЗДРАВСТВО, ФАРМАЦИЈА И СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА НА РМ
11.04.2014
На 11.04.2014 година во х. Ривиера во Охрид, во рамките на новиот концепт за работа на Советот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на РМ се одржа 20-тата седница на Советот.
Седницата на Советот ја отвори и со неа раководеше претседателот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на РМ, др. Љубиша Каранфиловски. На седницата претседателот на синдикатот, др. Каранфиловски даде целосен извештај за финансиското работење на синдикатот во 2013 година, и ја изнесе предлог одлуката за одржување на XVIII Синдикална школа. Тој посебно се задржа на најновите измени и дополни по однос на Законот за здравствена заштита.
На седницата присуствуваше и претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, д-р Живко Митревски, кој ги запозна членовите со најновите активности на ССМ и со предлогот за одбележување на 1-ви Мај– Меѓународниот ден на трудот.