СЕМИНАР НА СИНДИКАТОТ НА СХНМ
29.03.2014
Од 28 до 30 март 2014 година, Синдикатот на хемија,неметали и метали на РМ во одморалиштето на МВР Охрид одржа семинар на тема: „Осврт кон правилниците за минимални барања за безбедност и здравје при работа на вработените на работниот простор и ризиците поврзани со изложување на хемиски супстанции“.
На семинарот учество земаа 44 учесници, а од кои 10 беа од збратимениот Самостоен синдикат на Здравје Актавис од Лесковац, Србија. Предавач беше Снежана Јанкова-Петковска од ДПИУ ПРОГЕН З ДОО Скопје.