Сојузот на синдикатите на Македонија за прв пат присуствуваше на Извршниот комитет на Пан Европски Регионален Комитет (PERC) на Светската Конфедерација на синдикати (ITUC) во Брисел под наслов: „8-ми Извршен комитет на PERC
10.03.2014
Претседателот Митревски на состанокот на 8-миот извршен комитет на PERC
Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, д-р Живко Митревски, за прв пат откако постои Сојузот на синдикатите на Македонија по добивањето на статус на полноправен член на Светската Конфедерација на синдикати, на ден 10.03.2014 година во Брисел во зградата на Европски социјален и економски комитет (ЕКОСОК) присуствуваше на Извршниот комитет на PERC.
Еднодневниот состанок го отвори претседателот на PERC Михаил Смаков, а на состанокот свое обраќање имаа Шарон Буроу, генерален секретар на ITUC, Бернардет Сегол, генерален секретар на ETUC и Јаап Винен, заменик генерален секретар на ITUC.
Состанок на Извршниот Комитет на PERC
На состанокот беа разгледани повеќе прашања, меѓу кои: структура и мисија на PERC, план на активности на PERC за 2014-2015, активности на секција на жени и млади, најава за 3-тиот Конгрес на ITUC, номинација на членови на работни групи на МОТ, како и тековни прашања.
На состанокот уште еднаш беше поздравен приемот на ССМ во ITUC и Извршниот комитет на PERC.
Покрај ССМ, член на ITUC е и УНАСМ кој беше претсавуван од претседателот Слободан Антовски.