ОДРЖАНА ДВАЕСЕТ И ПРВА СЕДНИЦА НА ЕКОНОМСКО - СОЦИЈАЛНИОТ СОВЕТ
24.02.2014
На седницата се разгледувани двата предлог закони кои предлагаат од Владата на РМ, а се во насока на потикнување на вработувањето на млади лица. На седницата претставниците на МТСП појаснија дека овие предлг закони се во функција на остварување на националната стратегија за потикнување на вработувањето на млади во РМ и дека овие закони ќе обезбедат можност работодавачите да ги зајакнат своите потенцијални со нови млади кадри и да ги искористат бенифициите од страна на државата.
Од страна на ССМ на оваа седница на која беа разгледани предлогот на закон за дополнувањето на законот за пензиско и инвалидско осигурување и предлог Законот за вработувањето и осигурувањето во случај на невработеност присуствуваа претседателот на ССМ д-р Живко Митревски и претседателот на СИЕР Пеце Ристески.