Средба со раководството на Занаетчиската комора на Македонија
17.02.2014
На денешната средба беа разгледани можностите за синдикално организирање на вработенитездружени во Занаетчиската Комора на Македонија. Претседателот Митревски го истакна начинот, условите и придобивките од синдикално организирање на вработените од занаетчиските субјекти во ССМ. Станува збор за низа можности кои ќе обезбедат легитимирање и институционално профилирање на интересите.