ОДРЖАНА КОНСТИТУТИВНА СЕДНИЦА НА ЛЕСС НА ГРАД СКОПЈЕ
10.02.2014
На седницата беше разгледуван и усвоен предлог деловникот за ЛЕСС, усвоени беа и планот за идни активности во рамките на проектот на УСАИД (мрежа YES). Во присуство на претставници од USAID и на претседателот на ССМ д-р Живко Митревски, беа избрани претседавач и заменик претседавач на ЛЕСС. За претседавач на ЛЕСС беше избран Тихомир Климовски, претставникот од ССМ, претседател на Македонскиот полициски синдикат и потпретседател за јавен сектор во ССМ. Во работата на ЛЕСС на град Скопје претставници од ССМ се Роберт Симоноски, претседател на ССЕСМ и потпретседател за организациски развој во ССМ и Зоран Георгиевски, претседател на СУТКОЗ.
Покрај претставниците на синдикатите на ССМ и КСС членови на овој совет се и претставници од Организација на работодавачи на Р. Македонија и локалната самоуправа на град Скопје.