ДЕНЕС СЕ ОДРЖА XX-тата СЕДНИЦА НА ЕКОНОМСКО – СОЦИЈАЛНИОТ СОВЕТ
27.01.2014
Денес се одржа XX- тата седница на Економско – социјалниот совет, на која се расправаше за Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата од 2000 до 2004 година и Законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во Република Македонија.
По однос на овие закони ССМ даде целосна поддршка.
На состанокот на Економско – социјалниот совет од страна на ССМ беа присутни членовите на ЕСС, претседателот на ССМ д-р Живко Митревски и претседателот на СИЕР Пеце Ристевски.