Одржан голем синдикален собир на репрезентативните синдикати ССМ и КСС
20.01.2014
Во прилог е неговото обраќање:
Почитуван Претседател на Владата на Р.Македонија господин Никола Груевски
Почитувани министри во Владата на Р.Македонија
Почитувани претседатели на грански синдикати во ССМ и КСС и членови во органите и телата
Почитувани колешки и колеги, членови на синдикатите во ССМ и КСС
Почитувани присутни, ми причинува посебна чест од името на ССМ и КСС како репрезентативни синдикати во Р.Македонија да Ве поздравам, да Ви се заблагодарам за Вашето присуство и вашиот интерес, и посебно да му заблагодарам на претседателот на Владата на Р.Македонија и на министрите во Владата на Р.Македонија што на еден ваков транспарентен начин пред овој инпозантен број на присутни членови на синдикатите, непосредно претседателот на Владата да не запознае со низа активности и мерки поврзани со нашите барања и со социјалната економска положба на вработените во Р.Македонија.
Социјалните партнери насекаде во светот, па и во Нашата држава се соочени со низа историски предизвици предизвикани од светската економска, финансиска и должничка криза.
Патиштата за соочување со последиците од кризата од држава во држава се различни. Но за разлика од многу други, во Р.Македонија, социјалните партнери, синдикатите, Владата и работодавачите наместо пат на конфронтации, одбраа пат на дијалог, наместо пат на препукувања, одбраа пат на аргументи, наместо пат на докажувања, одбраа пат на респектирање на позициите и интересите. Сето ова придонесе денес во РМ да зборуваме за нови вработувања, а не за отпуштања, за унапредување и новини во системот на плати, а не за намалување на плати, за унапредување на системот и на категоријата на пензионери, а не за зголемување на пензиски граници.
Почитувани присутни, овој социјален дијалог резултираше со унапредување во работното законодавство, со институционализирање на социјалниот дијалог на национално и на локално ниво, со донесување на нови историски закони, со ратификација на нови конвенции на МОТ и унапредување на работнички стандарди.
Предизвикот за градење на подобар живот, подобар животен и социјален стандард е историски за сите нас. Од обраќањето на председателот на владата, најнепосредно ќе бидеме запознати со сите активности на владата на овој план. Дозволете ми пред да го поканам претседателот на владата на Р.Македонија, господинот Никола Груевски да се обрати, да ја повикам колешката В.Д. претседател на КСС, Виолетка Спасовска да земе збор и да го поздрави овој собир.
На крајот од синдикалниот собир, Претседателот на ССМ во името на ССМ и КСС се заблагодари на Владата на РМ за конкретните чекори кои беа презентирани во обраќањето, а се во насока на конкретни мерки за справување со последиците од кризата.
Беше потенцирано уште еднаш дека овој собир, особено од аспект на зголемувањето на платата е историски, а историски е и со оглед на тоа што е потврда дека вака креираниот социјален дијалог е незаменлива алатка во креирањето на социјален консензус како основа за општествен развој.
Социјалните партнери преку конкретните резултати покажаа и докажаа дека ваквото дејствување е во интерес на работниците и граѓаните на Р.Македонија.