СЕМИНАР НА СХНМ ЗА СТРЕСОТ И МОБИНГОТ НА РАБОТНОТО МЕСТО
07.12.2013
Синдикатот за хемија, неметали и метали на РМ на 7. декември во Охрид одржа семинар на темите: стрес поврзан со работата и синдром на согорување и мобинг.
За темата “Стрес поврзан со работата и синдром на согорување“ предаваше д-р Драган Мијакоски. Предавач на темата “Мобинг – психолошко малтретирање на работното место“ беше д-р Сашо Столески.
На семинарот учествуваа членови на СХНМ, кои беа активно вклучени во предавањата и потоа работеа во групи.
По завршување на семинарот, членовите на претседателството на СХНМ на РМ ги договорија наредните активности.